Менито на еден беровски ресторан повод Цивил медија „сериозно“ да истражува по кафанскиот речник. На тапет се најде порталот Офнет, секако обвинет дека жири лажни (кафански) вести. Ви го пренесуваме одговорот на Офнет.

Во земјава постои едно подмножество подвидови кои живеат во една халуциногена ситуација. Како да не ни го смениле името, како да измислуваме дека нè понижија од шахта до учебник, како Заев да не се извини што спомнал македонска репрезентација…. Па онда некој треба да измислува дека тоа се случило и да шири „лажни вести”.

Деновиве Цивил се занимава со оправање на вистината околу менито на еден македонски ресторан, случај кој ние го имавме во два наврата.

И ете ја пак таа налудничава потреба да се докажува дека во „Земјата на илјадниците датуми“ во која се шмирглаат шахти, а премиерот се извинува за македонска репрезентација, некој друг прави белји. Цивил утврдиле дека се работи за лажна вест. А утврдиле така што му се јавиле на газдата и овој им рекол „нема врска“. Ние од друга страна објавивме сведочење на дечкото кому келнерот му објаснувал дека веќе немаат македонска салата, ама ок, Цивил се од оние кои секогаш повеќе им верувале на газдите.

Но, ги заболе нив дванаестопалачно и за менито и салатата. Во оние идни лекции за медиумска писменост, учениците треба да се научат да препознаваат статии од жанрот „до последњег гранта“. Еве што ги тригернало Цивил.

Оваа оркестрирана лажна вест, ја споделиле над 100 профили, со акцент да се навредува Владата.

Хмм, ко тие едно време да не беа горди баш на тоа што се дел од оркестрирани напади на владата. Или ко навредување на влада да е некој посебен грев, надвор од Cеверна… Кореја.

Но, ако е таква агендата, така нека тераат. Нека ја бранат Владата до последниот цивил. Меѓутоа, внимавајте што им се се промакнува, баш од нивен домен, да бидат самоповикани пазачи на говорот на омраза и предизвикувањето насилство.

Во статијата за менито наведуваат дузина спорни твитови (нормално, спорни се оние кои имаат акцент да се навредува владата) ама наведуваат и светол пример. А во одбраниот пример од Цивил се посакува – нечии коски да бидат скршени. 

Тоа е таа ужасна оќоравеност која е за неверитис. Некој посакува кршење коски (или мелење, или што и да треба за нечии коски да завршат како салата) а овие од Цивил воопшто не ја забележуваат патологијата на таквиот влажен сон на некојси психопат Ранко. НУЛА. Неговото кршење коски не им боде очи, не им се гледа, не им е повод да арлаукаат до небо (и таму сместените странски амбасади) за да се сопрат ваквите повици на насилство.

Кршењето коски комплетно паѓа во сенка на тоа што некој Ранко за нешто мисли дека е лажна вест па тоа „го истакнува“. Професионалност до коска.

Најќораво и најнадмено на свет, својата обескоскена статија Цивил ја завршуваат со повик:

Индид, Цивил, индид.

Да се разбереме, ние не бараме ништо од надлежните власти, најмалку да ги санкционира Цивил заради ваквата промоција на коментари кои повикуваат на насилство. Ние само посакуваме „стручњаците“ да не ни ја огадуваат салатата. Оти допрва претстојат главните јадења.


Целиот текст ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.