На предлог на Министерството за здравство, Владата на вчерашната седница донесе Одлука за престанување на важењето на одлуката за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги 5 ЛЕТЕРС ДОО Ресен.
Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за оценување на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели која на 21.12.2020 година и 12.01.2021 година изврши контрола над работата на Друштвото за производство, трговија и услуги 5 ЛЕТЕРС ДОО Скопје во објектот лоциран во с. Алданци, Крушево, при што е констатирано дека условите во однос на просторот, опремата и кадарот оценети и усвоени од Комисијата за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели не ги задоволуваат одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во делот на кадарот со што е постапено спротивно на член законските одредби за оваа дејност, се вели во соопштението од Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.