Националната комисија за мало и лесно оружје заедно со ОБСЕ мисијата во Скопје, во рамки на проектот „Поддршка на националните власти на Република Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје” на денешната седница на Националната комисија успешно ја заокружи компонентата за ‘Унапредување на оперативните и аналитичките способности на Националната комисија за МЛО во борбата против илегалната трговија со МЛО’.

Претседателот на Националната комисја за мало и лесно оружје и заменик Директорот на Бирото за јавна безбедност г. Ариф Асани се заблагодари на дадената поддршка од страна на ОБСЕ, кои преку заеднички ангажман со членовите на Националната комисија придонесоа за унапредување на условите на Комисијата, за контролата на МЛО во општеството и општата безбедност во Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.