Владата денеска на седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување Анекс на Договорот за преземени обврски од 19 ноември 2020, кој го склучи со Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ / GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за ковид-19 преку ковакс -механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни антиковид-вакцини.

За спроведување на набавката вакцината мора да виде одобрена и оттаму Владата даде согласност за склучување Анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина“ значи вакцина против ковид -19 во однос на која ГАВИ има стапено во Обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација (СЗО), стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи, воспоставено од Строго регулаторно тело (СРТ) или Список за употреба во итни случаи на СЗО, соопшти прес-службата на Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.