Како иден градоначалник ветувам дека ќе се залагам за создавање вистински живот во Гевгелија во безбедна средина, чист воздух, современо здравство, развиен спорт и култура, за сите да имаат пристојно секојдневие во општината, рече Виктор Петков кандидатот за градоначалник за општина Гевгелија на движењето „Одлучно за промени” на ЛДП и ДОМ.

Вистината ја гледаме и речиси сите ја знаеме, Гевгелија нема автопат. Нашето движење евидентно е забавено, заглавени сме помеѓу желбите и можностите, и партизираната самоуправа, но Гевгелија ги поминала сите досегашните премрежја, била и ќе остане значаен транзитен коридор и комуникациски центар. Дајте да немаме протекции, криминал, корупција. Да ја подобриме инфраструктурата, регулирање за ново-старата депонија, зелен урбанизам – експертите велат размислувај глобално, гледај локално, ќе го преточиме тоа во стварност, со јасни процедури, дополни тој.

Носителот на советничката листа Петар Апостолов пред граѓаните вети дека Советот на општината ќе работи посветено за да ја направи Гевгелија убаво место за живеење.

Сите политички партии ветуваат но ние реализираме. Движењето на центарот предводено од ЛДП и ДОМ секако со вас почитувани граѓани ќе се потрудиме да ја направиме Гевгелија пристојно место за живеење особено за младите. Сакам да ве потсетам дека токму ние успеавме да направиме патна инфраструктура за влез и излез на Гевгелија како и корекцијата на коритото на реката Вардар и затоа нема повеќе поплави во Гевгелија, а особено сме горди на отворањето на Дневниот центарот за лица со посебни потреби. Но да нагласам дека ние не живееме во минатото, ние живееме во сегашноста а ќе работиме за иднината, рече тој.

Апостолов предложи да се изготвува годишен извештај за активноста на советниците, нешто слично како за активноста на пратениците за да граѓаните разберат кои се тие луѓе од советот што работат и кои се тие луѓе кои се пасивни четири години.

Сакаме отворена општина, сакаме општина која што ќе ги слуша граѓаните и која што ќе ги решава нивните проблеми. Ние сакаме мобилна јавна администрација, ние сакаме дигитализација на процесите во општината, да вие од дома можете да си завршите било која работа, независно дали ќе платите сметка или ќе си извадите документ. Токму затоа, ние, даваме предлози кои што значат елиминирање на сите овие нервози на граѓаните, сакаме отворена општина, сакаме општина која ќе биде иновативна, која нема да го троши само општинскиот буџет, пари од граѓаните, туку ќе биде доволно способна да аплицира во фондови за прекугранична соработка, да овозможи средства од меѓународни фондови се со цел да се инвестира за развој на градот, потенцираше претседателот на ЛДП Горан Милевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.