Сите активности се одвиваат во насока на тоа дека Пописот 2021 ќе се спроведе. Гаранција дека нема да има потреба од одлагање е строгиот протокол, кој што се запазува, како и соодветната обука на попишувачите и пописните тимови. Граѓаните и попишувачите ќе бидат заштитени. Целот фокус на Владата е во таа насока, изјави портпарот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за претстојниот Попис на население, домаќинства и станови.

Сите одлуки, посочи Арсовски, Владата ги донесеува врз основа на став на Комисијата за заразни болести, кој се разгледува на главниот Координативен кризен штаб, од каде заклучоците одат на седница на Влада.

Апсолутно ќе се следат препораките на Комисијата за заразни болести, како и за многу други случаи во однос на безбедносни ризици. Во овој момент сите сили се насочени кон тоа да се почитуваат протоколите и да се реализира пописот, изјави Арсовски.

Прашан дали Владата размислува за нов Закон со кој би се одложил Пописот, доколку од  која било причина дојде до таква потреба, Арсовски, повторно нагласи дека сите капацитети се насочени кон спроведување на пописот и дека неговиот успех го гарантира методологијата и здравствените протоколи.

Граѓаните и попишувачите ќе бидат заштитени. Целиот фокус на Владата е во таа насока, изјави Арсовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.