Владеачкото мнозинство во Собранието ја одложи седницата на Комисијата за избор и именување за половина час бидејќи и натаму се усогласува за тоа кои да бидат директори и нивни заменици во неколку јавни установи на национално ниво кои уште ги раководат раководства назначени од претходната власт.
Седницата се одложи по барање на Ивана Туфегџиќ од СДСМ. Илија Димовски од ВМРО-ДМПНЕ, рече дека Власта неколку пати барала овие точки да бидат на дневен ред и нејасно е зошто сега бараат одложување на истите.
Инаку, се работи за назначување на нови директори на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Дирекција за заштита на лични податоци, Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.