Дел од лекарите, медицинските сестри, лаборантите и болничарите се заразени од Ковид-19 или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со позитивни пациенти
Влошената епидемиолошка состојба во општина Гевгелија предизвикана од пандемијата со коронавирусот придонесе поради недостиг од персонал од денеска на одредено време да биде затворено одделението за физикална терапија лоцирано во кругот на Негорските минерални бањи.
Директорот на гевгелиската Општа болница, д-р Митко Крџев вели дека ова е направено поради ограниченоста за ротирање на здравствениот персонал, чиј број пандемијата речиси го преполовила.
Дел од лекарите, медицинските сестри, лаборантите и болничарите се заразени од Ковид-19 или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со позитивни пациенти, а за жал деновиве е забележан и првиот смртен случај меѓу вработените во Општата болница со проширена дејност, рече директорот Крџев.
Неповолната епидемиолошка состојба е причина и на одделението за хирургија работата да се ограничи само на итни операции и хирушки зафати, а само итните случаи одреден период ќе имаат приоритет и на другите одделенија на болницата во Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.