Со презентација на докази од Обвинителството, денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. Обвинителката Маја Коневска, на денешното рочиште презентираше материјални докази од извештаите што обвинителството ги добило од МВР-БЈБ.

Одбрана на осомничената Фросина Ременски, по презентацијата на овие материјални докази, реагираше и истакна дека обвинителството свесно го крши ЗКП и издава наредби за вештачење до МВР на лица за кои судот кажа дека не се вешти лица, не се лиценцирани од Министерството за правда и дека не изготвуваат вешти наоди и мислења.

Првообвинет во овој судски предмет е Бојан Јовановски, кој од Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција се сомничи за кривичните дела измама и перење пари. Меѓу осомничените е и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, која се гони за кривичното дело измама.

Следното рочиште за случајот ,,Меѓународен сојуз“ е закажано за 24 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.