Адвокатот Мерџан Даути денеска и официјално на рочиштето за „Насилство во Центар“ побара од Обвинителството до Куманово и до обвинителот Јовевски иземање на обвинителот Бурим Рустеми.
Причината за ваквото негово барање според се е што не му се даваат доказите на албански јазик што претставува суштествена потврда на постапката. Исто така обвинителот Бурим Рустеми одбил да го чита текстот на доказите и спротивно на ЗКП ги читаше само насловените на доказите што претставува суштествена повреда на постапката за што се има изјаснето и Апелациониот суд.
Исто така обвинителот Рустеми се уште нема доставено ново овластување од обвинителството и се уште застапува со старо овластување кога бил вработен во СЈО.
Поради ваквите барања судијата Огнен Ставров на адвокатот Даути му се закани со казна од 10 илјади евра и барање за одземање на лиценцата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.