Напнато беше денеска на рочиштето за Меѓународен сојуз. Иако се очекуваше да сведочат градоначалниците на Карпош и на Битола, Стефан Богоев и Наташа Петровска тоа не се случи. Причина за тоа е барањето на одбраната на Бојан Јовановски да бидат изведени како материјални докази содржината од УСБ-то на Боки.
За какво УСБ се работи
Всушност се работи за содржината на мобилниот телефон на Јовановски кој беше анализиран, но не и вештачен од страна на Јавното обвинителство.Во петте папки има видео,аудио разговори „скриншотови“, изјави, на премирот Зоран Заев, Александар Кирацовски, Богоев, Петровска , но и на бизнисмените Амзовски и Мицевски каде тие велат дека не се измамени и оти веруваат во проектот на Боки.
Како „бомба“ одекна информацијата која ја откри адвокатот Сашо Дукоски дека во една од папките има изјава на Заев каде што вели дека е подготвен да вложи 100 милиони евра во проектот на Боки за изградба на старечки домови.
Затоа неуверливо звучат оправдувањата на судијката Софче Гаврилова Ефремовска дека одбраната се сосласила материјалните докази да се прифаќаат како што ќе пристигнуваат иако одбраната тврди дека ги доставиле до судот уште на 14 мај.
Затоа тие најавија дека засега нема да предлагаат сведоци кои се поврзани со содржината на УСБ-то.
Нема да предлагаме сведоци се додека не се одлучи дали ќе се прифатат материјалните докази. За следното рочиште ја предлагаме Стојанка Мицевска-најави Дуковски.
Следното рочиште е закажано за 26 мај и тогаш судот треба да се изјасни дали ќе бидат прифатени материјалните докази доставени од одбраната.Ако тоа се случи, на следните рочишта треба повторно да бидат повикани Петровска и Богоев но и премиерот Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.