Димитар Дангов, бранител на Миле Јанакиески бара повлекување на обвинението против него во случајот за настаните пред општина Центар во 2013 година. Адвокатот е убеден дека Обвинителството не докажало вина за тоа што го теретат.

Бараме обвинението да се повлече пред судот да донесе одлука. Она за што се теретат обвинетите не е кривично дело, објасни Дангов.

Тој очекува ослободителна пресуда за сите обвинети во овој случај бидејќи нема доказ дека Јанакиески координирал група која Лазаров ја измисли и рече дека претпоставува дека ја имало.

Сè што постоеше како обвинение за Рангелова му се натовари на Јанакиески, додаде Дангов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.