Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски го одбил барањето на одбараната на обвинетата Фросина Ременски за иземање на обвинителката Вилма Русковска во случајот Меѓународен сојуз, дознава „Економски Лидер“.

Одлуката била донесена уште минатата недела. За утре беше презакажано почетното рочиште за случајот, кој важи за продолжение на „Рекет“.

Кон барањето за иземање на Русковска се придружи и првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13.

Судскиот процес започна на 1 јули. Во случајот Меѓународен сојуз се обвинети Бојан Јовановски за измама и перење пари, а за истото дело се обвинети уште и Јасна Ерцеговиќ и Кристина Блажевска, поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски за измама, додека таткото на Бојан, Миле Јовановски е обвинет за перење пари и неовластено држење и трговија со оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.