Александар Марковски од Здружението „Сите заедно можеме“, кое ги дистрибуира хумнитарните пакети, потврди дека синоќа во магацин на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица, каде што се пакуваат пакетите од семејството Заеви, влегле полициски службеници и јавен обвинител.
Според него, полицијата синоќа упаднала во објектот и барала документи за потекло на стоката. Од здружението изјавиле дека документите се кај донаторот, односно кај семејството Заеви.
Полицијата е и денеска пред магацинот.
Синоќешниот настан го потврдија и од ОЈО Струмица. Струмичкиот јавен овинител, Миле Петков, рече дека обвинителството постапило по барање на полицијата.
„Република“ уште утрово испрати прашања до Министерството за внатрешни работи за инцидентите во СВР Струмица утрово, но досега нема одговор ни официјално соопштение што се случувало.
Полициски извори од СВР Струмица утрово за медиумите брифираат дека настан во кој се приведени неколку лица кои се блиски до СДСМ по секоја цена треба да биде сокриен и да на биде евидентиран во полицискиот билтен. Изворите информираат дека станува збор за еклатантно кршење на законите, во кој е констатирано злоупотреба на полициските дозволи и за неговото прикривање интервенирале бизнис моќници од Струмица кои се блиски до партијата на Власта.
Во моментов се врши притисок врз полициските службеници да ги вршат промена на записниците каде што е констатиран пропустот, а за случајот е запознаен и врвот на МВР кој е близок до СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.