Известуваме дека од денес, 12 февруари 2019 година, влегува во сила Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави во Службен весник.

Исто така, известуваме дека се исполнети условите за влегување во сила на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Македонија, што Собранието на Република Македонија ги донесе на 11 јануари 2019 година. Истите влегуваат во сила денес, на 12 февруари 2019 година со соодветната објава од страна на Владата во Службен весник.
Со тоа, започнува извршувањето на обврските кои произлегуваат од Конечната Спогодба и Уставните амандмани. Првичните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на горенаведените обврски ќе бидат презентирани во соопштение за јавноста кое ќе го објави Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, инфомрираа предмалку од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.