Тужби за загрозување на животот и здравјето, предлага пратеникот Антонио Милошоски, за секој што ќе претрпи посериозни штетни здравствени последици од ковид-19, поради повреда на граѓанското право на живот, со ненавремена и неефикасна здравствена заштита.

Од пред два дена во Србија, Грција, Словенија, Турција и други земји во регионот започна вакцинирањето против Ковид19, како здравствена мерка.
Во Македонија државата нема набавено ни вакцина, ниту има стигнато милостина од државите кои навремено си обезбедиле вакцини од производителите. Со тоа од страна на државата сериозно е повредено граѓанското право на живот, со ненавремена и неефикасна здравствена заштита.
Затоа од вчера па натаму, секој граѓанин или семејство, кој/кои ќе претрпат посериозни штетни здравствени последици од Ковид19, или истото резултира со трагичен исход по животот на граѓанинот, има законско право да ја тужи државата за тоа и тој/таа или блиското семејство да бара обесштетување.
Основа за заштита на ова право на граѓанинот, како и основа за тужба пред македонските судови или пред Судот во Стразбург се членот 39 од Уставот,
член 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како и обврските на државата утврдени во Законот за здравствена заштита, вели Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.