Поранешниот министер за правда Михајло Маневски бара одговорност од неговиот актуелен наследник Бојан Маричиќ, зошто според него тој јавно и грубо се меша во работата на судот.
Ќе одговара ли министерот Маричиќ за оддавање на тајна и за незаконито влијание на судот?
Министерот Бојан Маричиќ јавно и грубо се меша во работата на судот.
Спротивно на Законот за кривичната постапка ги објави имињата на судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, кои како членови на Советот на Апелациониот суд Скопје гласале да се прифати гаранцијата на осудениот Сашо Мијалков и да се пушти од притвор.
Согласно член 124 од Законот за кривичната постапка, гласањето на судиите во судечкиот совет се врши тајно. Резултатите од гласањето се тајни.
Согласно член 96 од ЗКП, за советувањето и глсањето се составува посебен записник. Овој записник се става во затворен плик и може да го отвори само повисокиот суд.
Како дозна Маричиќ дека овие судии гласале за одлуката и поименично ги наведе, иако одлуката уште не била напишана?
Одлуката на повисокиот суд се доставува до судот што ја донел одлуката и тој ја објавува.
Како може овој министер за правда толку грубо да се меша и да се заканува на судот за донесена одлука?
Министерот Маричиќ треба да биде земен на кривична одговорност за незаконито влијание во работата на судот и за оддавање на тајноста на гласањето на Советот што одлучувал по предметното барање?
И овој ли ќе биде потпретседател на Владата за евроинтеграции?
Жалосно.Овој ли ќе се бори за владеење на правото?
Од вакви слепци страда Македонија, вели Маневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.