Од утре за влез во Македонија од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да се приложи негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.
Владата вечерва на седница го усвила предлогот на Комисијата за здравство за задолжителен ПЦР тест при влез во државава од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, соопшти службата за односи со јавност на Министерството за здравство, од каде најавија повеќе детали во владиното соопштение по завршување на седницата.
Препораката што ја усвои изутрина Комисијата за заразни болести е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.