Шестнаесет пациенти од Куманово, со компликации од ковид -19 болнички се лекуваат на инфективното одделение во општата болница, информираа денеска надлежните.
Речиси сите се на кислородна поддршка, со средно тешка клиничка слика, додека оние со полесна клиничка слика се лекуваат во дневната болница, а оние со лесни симптоми се на домашно лекување со терапија и под надзор.
Но, поради тоа што инфективниот оддел нема многу соби, а доаѓаат пациенти и со други симптоми, од утре ќе се отвори и модуларната болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.