Апсолутно уште еднаш потврдувам дека ниту некој побарал, ниту Македонија планира да гради кампови за бегалци или слично. Вака премиерот Зоран Заев зборуваше во јули 2018 година, во екот на мигрантската криза.
Тоа е апсолутно невистина, голема лага, за жал гледам дека некој сè повеќе ја злоупотребува, рече тогаш Заев.
Како и многупати досега, тврдењата за кои тој рекол дека се „апсолутна лага“ се покажаа вистинити. Па, така, од вчера Македонија официјално им стои на располагање на бегалците од Авганистан. Заев потвди дека македонската Влада им се понудила на САД да прифати цивили од Авганистан.
Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и затоа ние како Влада, ги информиравме нашите стратешки партнери САД дека стоиме на располагање да помогнеме согласно нашите капацитети и потребите. Со цел да се спасат животите на локалното население, информиравме дека сме подготвени да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан, кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО-сили, вклучително и на нашата армија, како и преземање и прифаќање активисти од демократските хуманитарни организации и од организациите за човекови права во Авганистан,, истакна во одговорот на новинарско прашање премиерот Заев.
Тој порача дека за таа цел ќе обезбедат сместување, при што трошоците за време на престојот на бегалците, до трајната дестинација, целосно би биле покриени од САД.
Ние сме солидарна земја, нашиот народ и нашето општество секогаш давале поддршка и помош исто како што сме добивале помош при огромни катастрофи, рече Заев.
Во меѓувреме, жителите на Бардовци протестираат шти на нивната територија ќе се гради прифатен Центар за странци, за кој владата тврди дека е Центар за бездомници, а фактите го потврдуваат спротивното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.