Инспекциите синоќа, посебно од одделението во Скопје, имаа полни раце работа, рече на денешната пре-сконференција на Инспекцискиот совет Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат, кој објави дека затворени се три угосителски објекти  фатени дека работат во 23, 23:30 и 24 часот, како и преполно јога-студио.

Пауновски потенцираше дека голем број угостителски објекти низ цела земја не ги почитуваат мерките на Владата и работат после дозволеното време, со финти – ги заклучуваат кафулињата, гасат светло и седат во мрак, притоа служат пијалоци и храна.

Во некои случаи и полицијата ги штити сопствениците на локалите, вели Пауновски.

Во угостителскиот објект „Три кичен бар“, кој е споен со клубот „Станица 26“, гостите седеле во темница чекајки да си одат инспекторите. Полцијата веќе била таму, но како што изјави Пауновски претходно за „Слободен печат“, се однесувала како да ги штити присутните во објектот. Службениците се правдале дека не знаат како да влезат внатре, но инспекторите биле упорни бидејќи сфатиле дека гостите седеле со изгасени светла и ги чекале да си заминат. Вратата на „Три кичен“ била затворена, па гостите од овој објект се обиделе да излезат од другата врата, односно преку вратите од „Станица 26“ за да избегаат. Ама инспекторите ги чекале од двете врати, направиле записник и го затвориле „Станица 26“.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.