Првпат од почетокот на ширењето на коронавирусот во Македонија се воведува мерка за задолжително носење заштитна опрема.
Таа е дел од повеќето одлуки, мерки и препораки од 44-та седница на Владата, кои се однесуваат на Куманово, Тетово и Прилеп, а кои произлегоа од 30. состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19.
За оваа цел, Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната владина седница да достави уредба со законска сила во која правно ќе го нормира ова прашање, начинот на имплементирање, користење, потребната заштитна опрема, како и да се уреди прашањето на минимум задолжителната количина (резерва) што производителите на маски треба да ја имаат за потребите на државните институции.
-Во уредбата да се предвиди дека обврската за носење на заштитна опрема ќе се применува на територијата на Република Македонија, но по извесен период, стои во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.