Од среда, жителите на Куманово, Прилеп и Тетово не смеат да излезат од дома без да носат маска, беше одлучено на денешната владина седница како мерка за спречување на понатамошно внесување и ширење на коронавирусот. Од Владата препорачуваат и граѓаните низ целава земја да го ограничат излегувањето од дома и само по еден член од семејството да оди во маркет или аптека.

 

„Од среда се воведува забрана за движење во општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на маска, шал, марама, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници. Владата одлучи да им се препорача на сите граѓани, а особено на оние што живеат на подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, да го редуцираат излегувањето од своите домови, тоа да го прават само од најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување на намирници и лекови од маркетите и аптеките“, објави Владата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.