Од први октомври Македонците ќе можат да одат во Санкт Петербург со електронска виза, соопшти Руската амбасада во Македонија.

На твитер-профилот на амбасадата стои дека отсега ќе биде потребно само да се аплицира онлајн најмалку 4 дена пред патувањето и дека нема потреба да се оди во амбасадата. Исто така, целата процедура е бесплатна.

Така, кога ќе патувате, ќе биде потребно да пополните апликација, да добиете електронска виза, да ја испечатите или да ја преземете на мобилниот и на крајот да
им го покажете известувањето на вработените во транспортната компанија и на службениците од граничните служби.

Повеќе информации на ЛИНКОТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.