Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година, Министерството за образование и наука ги повика учениците и родителите, да ја посетат викендов. На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата.

На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата, велат од МОН и посочуваат дека во овој значаен процес важна е силна и партнерска соработка на сите нивоа и секој ден е важен за успешно започнување на онлајн наставата.

Министерството за образование и наука веќе испрати насоки до сите училишта задолжително да се достават корисничките лозинки до учениците. Ги повикуваат директорите на училиштата кои не го сториле тоа, да го забрзаат процесот и да ги испратат лозинките до учениците во текот на викендот, бидејќи за неколку дена е официјалниот старт на учебната година. Министерството за образование и наука ги повикува и локалните самоуправи и градоначалниците, кои, исто така, се наш важен партнер во овој процес, максимално да се посветат на обезбедување услови за непречен старт на учебната година во училиштата, без разлика дали станува збор за физичко присуство, или за учење од далечина. Истовремено, искажуваме огромна благодарност до градоначалниците и вработените во општините, но и до сите наставници за посветеноста во обезбедувањето услови за непречена настава во време на пандемија. Главениот и единствен приоритет на Министерството за образование и наука во овој период е да ги надминеме предизвиците и успешно да ја започнме, но и завршиме учебната 2020/2021 година и покрај тоа што се соочуваме со Ковид-19, се вели во соопштението од МОН.

Учебната година ќе почне на 1 октомври, а Владата даде согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.

За организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предложи согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.