Од вработените во конфекциските фабрики во Штип земени се 788 бриса, а потврдени се 126 случаи на коронвирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Од нив, хоспитализирани се 24 лица, додека останатите се на домашно лекување или во изолација.
Филипче вели дека со ова, ситуацијата во Штип и во тетовскиот регион се смирува.
Останува Скопје, посебно Чаир, каде што епидемиолозите се соочуваат со проблеми околу давање вистините податоци и контакти – соопшти тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.