Процесот на префрлување на моштите на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија и целата атмосфера во таа 1946 година е опишана и во бугарскиот печат.

Пред минатата недела од Софија за Македонија беа испратени моштите на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, кој од сега натаму ќе почива во Скопје – главниот град на земјата за која тој го даде животот, пишува во исечокот од бугарскиот весник.

На потпишувањето на протоколот за префрлување на моштите бил присутен и тогашниот бугарски претседател.

Официјални потписници се претставници на Илинденската организација во Софија и двајца министри од македонската влада. Присутен бил и претседателот на Бугарија. Наредниот ден, 8 октомври, моштите тргнуваат за Скопје и намерно минуваат низ Пиринскиот дел на Македонија. Ние го одбравме тој датум за да биде симбол на зближувањето и соживотот на двата народа, целосно европски. Го предложивме за ден за пријателство меѓу Македонија и Бугарија. Секој кој ќе ги слушне противаргументите на другата страна за овој предлог ќе се смее, раскажа неодамна професорот Ванчо Ѓоргиев, член на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања.

Денеска се одбележуваат 117 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Делчев почива во црквата „Свети Спас“ во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.