Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе бидат едиствените членови на СДСМ кои ќе ја преживеат реконструкцијата и ќе останат да бидат министри во новата Влада, објави ТВ21.
Дознаваме од извори во СДСМ дека од оваа партија во Владата најверојатно ќе останат на функција само вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тоа значи дека функцијата ќе ја напушти и министерката за образование и наука Мила Царовска, покрај веќе најавеното заминување на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.“ – објавува ТВ 21.
Според извори на ТВ од актуелниот состав на СДСМ во извршната власт се очекува да заминат и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.