“Катица се знае”, “со Јово сум договорен”, “судот одлучи трас трас” – така се реформира судството во Македонија во мандатот на Заев. И не само тоа, да имал повеќе време, повеќе ќе направел.
Здраво за државата во следните 4 неповторливи години да ги максимзираме капацитети, да ги дигнеме стандардите и да ги европеизираме институциите. Без правна држава и еднакво владеење на законот и правото нема ни економија, нема ни добро здравство, нема ни добро образование. Овде е темелот за се. Затоа велиме уште во првите сто дена стартуваме со оваа постапка за прочеистување на правосудството, ќе има комплетна ревизија и на предметите. Тоа мора да се направи, вели Заев во недамнешно гостување на Телма.
Но болно е да верувате дека уште еднаш ќе го измамите народот дека зад паролата „Немап равда нема мир“, навистина стојат вашите добри намери, правдата и мирот.
Бројот 3, кој бараат сега да го заокружат граѓаните е симбол на три години катастрофално владеење на СДСМ и три амнестии: 815 лица осудени за сериозни кривични дела, амнестијата за референдумот и последната амнестија е Законот за обвинителство, каде во него бомбите одеднаш не смеат да се користат, а и снимките како материјали не смеат да се користат во кривичната постапка.
Нема поголема навреда за гласачите во оваа изборна кампања од лицемерието со кое СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Никола Димитров бараат втор мандат во име на правдата. Ветувајќи дека ќе го исчистат судството од влијанието на политиката, зборувајќи за Законот за јавно обвинителство, забелешките на Прибе, и систем кој ќе гарантира правда, токму овие Луј Витон реформатори го оддалечуваат судството од правдата.
Она што Зоран Заев и СДСМ велат дека се “реформи” во судството во реалноста значат паѓање на предмети, оневозможување на правдата, брутално и грубо мешање на извршната во судската власт. Се почна од признанијата на Заев дека “Катица се знае”, “со Јово сум договорен”, “судот одлучи трас трас”, па се до денешната аудио бомба каде се слуша дека Заев “позадински” местел судски случаи, дека “позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на аудиобомбата.
Она што Заев и СДСМ велат дека се “реформи”, секаде во светот е криминал и попречување на правда.
Две и пол години се мачевме да се донесе Закон за Јавно обвинителство, се трудевме да се применат препораките на Прибе и да се направи систем кој ќе гарантира правда. И да, и ние сме разочарани заради тоа што оние кои требаше да испорачаат правда, а тоа се само обвнители и судии, не побрзаа тоа да го сторат, се трудеа да калкулираат, се трудеа да бегаат од одлуки, затоа ги донесовме сите закони, изградивме темел во кој оправдување веќе нема да бидат можни, истакна носителката на пратеничката листа на СДСМ во петтата изборна единица Радмила Шекеринска синоќа во Ресен.
Да, видовме како се „мачела“ Шекеринска. Залегната на скапите троседи во домот на Боки 13, во друштво на Катица Јанева.
На видеоснимката со наслов „Боки 13 со другарките“, се гледа како домакинот Боки 13 седи со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, во опуштена атмосфера следејќи ја телевизијата зад која стоеше Боки 13.
Со оваа снимка се потврдува тоа што го сведочеше порано вработена во домот на Боки 13, Драгана Колевска, која на едно од рочиштата за случајот „Рекет“ рече дека кај Јовановски дома на гости доаѓале Радмила Шекеринска и Катица Јанева.
По неколку дена молк и Шекеринска потврди дека била во домот на Боки 13 и дека со Јанева разговарале за Законот за ЈО. Па се кројат ли закони на приватни забави?!
Своевремено како опозиционер обвинуваше за постоење на „тефтерче“ во правосудството, но од позиција на власт се чини дека Зоран Заев создаде свој црн тефтер, или подобро речено црна книга со тврди корици во која секојдневно се впишуваат имиња на обвинители и судии кои соработуваат директно со Заев и власта на СДСМ.
Списокот на очигледни поврзаности на Заев и СДСМ со судиите и обвинители е голем, а еве неколку од случаите кои се одвиваа буквално пред очите на јавноста.
Што имаше СДСМ да каже за последната аудиобомба на која се слуша гласот на Зоран Заев, кој наводно зборува за пазарот направен за референдумот?
Денешните објавени аудиоразговори само потврдуваат дека СДСМ и претседателот Зоран Заев постојано барале начини, решенија и правни механизми за целосна реформа на правосудството, со посочување на опасноста од недонесување на Законот за јавно обвинителство. СДСМ, претседателот Заев постојано се бореа за обезбедување на двотретитинско мнозинство Собранието со што денес, предметите на Специјалното јавно обвинителство продолжуваат иако тоа веќе не постои, стои во реакцијата на СДСМ.
Во најмала рака навредливо за секого и за сечија интелигенција. Небаре овде во Македонија, народот нафта пие, па бидејќи Заев се бори за правда, во текот на денот и аудиснимката беше тргната од Јутјуб. Но, разбирливо, да не остане трага како лидерот на СДСМ „се бори за правда“.
И они мене ќе ми зборат за правда… Паѓа Талир 2, паѓа Поштенска банка… СРАМОТА Е, СРАМОТА Е, ЛУЃЕ!
Повеќе од ова не треба да се каже. Срамота е Никола Димитров да зборува за правда денес кога гледаме како власта ѝ работела на правдата зад грб. Кога гледаме дека трас-трас судството на Заев било едиствената правда во Македонија. Селективна и политички мотивирана.
Во аудио и видеобомбите пласирани во јавноста во периодов, претседателот на Советот за реформи во судството Зоран Заев, во тоа време и премиер на Владата на РМ, јасно и гласно кажува како го реформирал судството од Сваровски судство во Луј Витон судство. Судството ставено единствено во служба на дневната политика и политичките пресметки на власта со опозицијата. Судството како единствена алатка за изнуда и уцена.
Доближува гласањето у парламентот, јас и викам, значи тоа го кажувам. Дојде Оливер, Радмила корегираа, другите – абе чоек што праиме, сè знае што се прави позадински. На пример што правам јас, кога правиш за сите правиш, генерално сум поставил сам, сум против притворите сум, јавно кажувам со сè. Викам ОК, треба ли тоа у парламент да биде или не треба, ако сакате да се откажува у парламентот. Викаат не, не, важно у Парламентот, па извинете врзани се пратениците, помагал чоекот, тоа е, сум го кажувал тоа, вели Заев.
Во аудиобомбата објавена денеска, која во меѓувреме е симната од Јутјуб, како што беше симната и бомбата во која Заев зборува за Бранко Црвенковски, како чинители во еден од трите столбови на државноста, судската власт, Заев ги изделува Катица Јанева, која видовме како заврши, Оливер Спасовски, тогашен минисер за внатрепни работи и вицепремиерката Радмила Шекеринска. Ослободена судска власт, нема што!
Комбинациите кои се тогаш правени со Катица, со Оливер, со Радмила, со сите што се чинители тука, знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки. Врзани ми се пратениците, вели Заев за судството под чизмата на извршната власт.
И срамота е денеска Димитров да зборува за правда и реформи во судството кога од нивната правда и реформите бел ден не видовме. И од СДСМ ако е, многу е!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.