Носењето маска е една од мерките која начесто се прекршува, особено кога граѓаните се движат на отворено.
Како што дознава „Фокус“, голема е веројатноста со почетокот на следниот месец оваа препорака да се укине, односно носењето маска на отворено да биде прашање на сопствен избор на граѓанинот.
„Од 1 јуни маските нема да бидат задолжителни на отворен простор, дознава „Фокус“ од извори од Министерството за здравство. Според информациите, ова се должи на подобрената епидемиолошката состојба во земјава, бројот на новозаразени и хоспитализирани лица се намалува, па оттука Комисијата за заразни болести најверојатно ќе предложи укинување на оваа мерка. Министерот за здравство, Венко Филипче оцени дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот – вакцината“, наведува „Фокус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.