Ако успееме да ги надминеме административните проблеми, од први јануари 2023 година нема да има граници меѓу нашите земји. Границите ќе постојат, но нема да важат за нашите граѓани, најави денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ на Економскиот форум во Скопје.
Економскиот форум ќе донесе олеснување и кај трговците, по денешните потпишани меморандуми секој кој продава било што нема веќе да застанува на граничните премини.
Нема да има застанување од Белград до Тирана и обратно. Граници ќе има, но нема да има застанување за нашите граѓани. Тоа ќе биде историски момент. Ќе имаме еден систем преку кој ќе се разменуваат информации. Знаете ли што значи ова, колкави ќе бидат придобивките кога превозниците на стока нема да мора да чекаат на граничните терминали. Ние секако дека сме на европскиот пат, но не сме глупави ниту наивни дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку тоа ние сами не го правиме , рече Вучиќ во обраќањето на Економскиот форум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.