Како партија и коалиција ќе водиме позитивна кампања која ќе биде насочена кон она што било направено досега, но и кон идните планови за поддршка на локалните самоуправи и за поголем локален економски развој, вети денеска премиерот и претстедател на СДСМ Зоран Заев на првиот ден од политичката кампања за локланите избори.

СДСМ и коалицијата, додаде, ќе води исклучително позитивна кампања.

Ова затоа што имаме со многу што да се пофалиме во овие четири години, за сите проекти што се реализираат 550 милиони евра се директни поддршки од Владата за локалната самоуправа. Времето што е пред нас ги дава сите причини да веруваме дека ќе биде уште подобро, дека навистина ќе има уште многу проекти и оти животот на локално ниво ќе биде уште попримамлив, пред се младите да остануваат тука, рече Заев.

Во реалноста, во првото соопштение на партијата по повод изборите, наместо „позитива“ гледаме оцрнување на противникот.

„Арсовска кандидатката на Груевски, е иста како него, кукавички бега од новинарски прашања и соочување со јавноста“ е амбициозниот наслов од „Бихаќка“ против кандидатот за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, само неколку часа по „ветувањето“ позитивна кампања.

На денешниот настан Арсовска ја презентираше својата програма и визија за Скопје. Вети брза реализација на проектите, а планот содржи 15 +1 главен проект кои како што рече таа ќе го подобрат нашето секојдневие.

Во нејзиното претставување ни еднаш не беа споменати СДСМ, власта или досегашно „направено“ од нив.

Па, оттука се наметнува и прашањето, доколку воскреснувањето на Груевски и оцрнувањето на Арсовска е позитивна кампања, каква ли ќе беше негативната кампања на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.