Од последици од Ковид-19 почина Тони Николовски, посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство Аријанит Хоџа.

Николовски работеше како монтажер во МТВ, снимател и монтажер во згаснатата А1 ТВ и снимател во Агенција Анадолија од 2015 до 2020 година.

Николовски беше сопруг на поранешната пратеничка на СДСМ и советничка на премиерот Заев, Ленче Николовска.

Николовски е роден на 24.8.1964 година во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.