Од понеделник најверојатно нема да има никакви рестрикции во движењето, најави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција, но предупреди дека ова треба да биде земено со резерва бидејќи конечната одлука ќе се носи најверојатно во недела или понеделник наутро.
Големиот број на нови случаи, според Филипче, ја потврдила исправноста за воведување полициски час во Скопје и неколку други градови низ Македонија. Смета дека оваа одлука е издржана и апелира мерките да се почитуваат, а институциите да казнуваат.
Тој вели дека е свесен дека голем број на граѓани заминале во туристичките места за продолжениот викенд и само апелираше луѓето да ги почитуваат мерките каде и да се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.