Од понеделник во Македонија може да се вакцинираат деца од 12 до 16 година исклучиво со „Фајзер“, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Нема да има потреба да се закажуваат термини, бидејќи од 12 јули почнува масовната вакцинација, така што тие можат да одат во вакциналните пунктови и таму да се вакцинираат, изјави Филипче.

Филипче уште еднаш нагласи дека присуството на корона вирусот најверојатно ќе трае повеќе години, но нагласи дека тоа не значи дека животот на граѓаните треба да биде затворен.

Не може да се затвориме, од исклучителна важност е да имаме што помасовна вакцинацира, изјави денеска Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.