Од понеделник десет лекари од државата и од клиниките, кои што имаат соодветна експертиза во областа на интерната медицина, пред се пулмологијата, како и десетина медицински сестри, ќе се приклучат на тимовите на Инфективната клиника и во болницата „8-ми Септември“ – најави на денешната-прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека за уште една недела ќе се одложи нормализирањето на работата во рамки на клиниките.

За уште една недела ќе го одложиме нормализирањето на работата во рамките на клиниките, тоа што планиравме да биде претходно, заради тоа што сега овој кадар е потребен за да биде дополнување на кадарот којшто директно работи со овие пациенти, нагласи министерот за здравство, зборувајќи за пациентите кои се заразени од Ковид-19 и се хоспитализирани во Инфективната клиника и во „8-ми Септември“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.