Белите листови на кои до вчера грчките гранични полицајци ни ставаа печати за влез во нивната земја од синоќа на полноќ заминаа во историјата.

Официјално, од полноќ при влез во Грција нашите граѓани ја минуваат македонско-грчката граница само со пасоши на кои на излез од земјава нашите гранични полицајци им ставаат печат на кој на македонски, англиски и на француски јазик пишува дека патната исправа е во сопственост на Република Македонија, а грчките полицајци првпат ставаат печати во пасошите.

Новите правила од Преспанскиот договор грчките погранични служби почнаа да ги применуваат по една недела откако на граничниот премин Богородица беше поставена таблата со новото уставно име на нашата земја.

Според најавите, лични карти и патни исправи со новото уставно име на земјава ќе почнат да се издаваат кон крајот на годинава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.