179.188 граѓани го оствариле своето гласачко право до 11 часот на локалните избори кои се одржуваат денеска.

Овие податоци се објавени од Државната изборна комисија, а се однесуваат до 11 часот на обработени податоци од 94,80 проценти од избирачките места.

Според податоците од ДИК, највисока излезност е забележана во Општина Новаци каде до 11 часот своето право на глас го оствариле  24,36% од избирачите.

Висока излезност има и во Крива Паланка, Градско, Вевчани, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Ранковце, Чашка…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.