Вирусот КОВИД-19 е потврден кај уште 128 луѓе од направени 1025 тестирања во 24 часа. Вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата со нив достигна 10 213. Во вчерашниот здравствен билтен беа регистрирани и шест починати пациенти, на возраст од 48 до 82 години, 137 оздравени, а 4183 се во моментов болни.
Од новопотврдените 128 инфицирани, најмногу (52) се во Скопје, следува Штип со 29, а двоцифрен број новозаразени имаат Гостивар (13) и Кавадарци (10).
Во вчерашниот биланс Скопје бележи и најмногу оздравени, 108 од 137-те во цела држава, но и натаму има висок број активни случаи, односно 1876 од вкупно дијагностицираните 4660 досега. Од скопските општини, над 200 болни во моментов имаат Чаир (265) и Аеродром (207), 193 се во Гази Баба, 183 во Кисела Вода, 164 во Карпош, 150 во Центар, 133 во Бутел, 129 во Ѓорче Петров, 120 во Шуто Оризари и 109 во Сарај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.