Mиинстерот за правда Бојан Маричиќ вели дека за македонскиот дипломат, кој е во притвор во Србија, кај нас нема отворена постапка заради која ние би го барале како држава.
Ние како Министерство за правда не сме добиле информација по основа на која треба да бараме екстрадиција или трансфер на осудено лице – вели Маричиќ.
Тој во одговор на новинарско прашање дали има напредок во случајот со македонските дипломати, посочи дека институциите од Србија не стапиле во никаков контакт со Министерството за правда.
Јас ги имам информациите што ги имаат веројатно и јавноста и дел од владините функционери. Министерството за правда нема тука никаква улога, бидејќи лицето коешто е во притвор, нашиот дипломат којшто е во притвор во Србија, нема кај нас отворена постапка заради која што ние би го барале како држава – изјави Маричиќ.
Тој напомена дека може да се бара екстрадиција или транфер на осудено лице, меѓутоа, како што рече, дипломатот не е ниту осуден се уште, ниту, пак, кај нас има постапка врз основа на која ќе треба да го бараат.
Маричиќ вели дека министерствата од Србија не стапиле во никаков контакт со Министерството за правда, а немал информација дали стапиле во контакт со Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.