Од компликации од ковид-19 почина Зорица Постружин, која целиот свој работен век го поминала во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС.

Со особена жал Ве информираме дека во услови на оваа пандемија уште една наша колешка не е повеќе меѓу нас. Г-ѓа Зорица Постружин (1942-2021) целиот свој работен век го помина во ИЗИИС од првите денови на неговото основање и даде значаен придонес во делот на компјутерските анализи посебно во припремата на податоци. Нека и е вечна слава, соопштија од Институтот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.