Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ синоќа на својот профил на Фејсбук објави дека од ковид-19 починал одговорниот за компјутерскиот систем и веб-страницата на Собранието.

Од корона вечерва починал и Мане, долги години вработен во Собранието на РМ, одговорен беше за компјутерскиот систем и веб страната, и секогаш во својата област им помагаше на пратениците и на службениците.
Мане беше на околу 50 години возраст, љубезен, одговорен човек, татко и сопруг.
Сочувство до семејството од име на пратеничката група. Бог да го прости, напиша Милошоски.

⚠️Од корона вечерва починал и Мане, долги години вработен во Собранието на РМ, одговорен беше за компјутерскиот систем и…

Posted by Antonio Miloshoski on Friday, 26 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.