Еве ги лагите на СДС(М) Заевистичка, најлошата партија што владеела со Македонија:

1. Името нема да го смениме!!!
Го сменија.

2. Добивме Датум за влез во ЕУ!!!
Датум не добивме.

3. Не преговараме за автентичноста на македонскиот јазик и историјата со Бугарите!!!
Преговараат. Дури формираа и Комисија за таа цел.

4. Корона чао, пееја во мај!!! Ќе куртулиме само со 2000 заразени!!!
Од јули до денес короната однесе 3000 жртви и имаме околу 80 илјади заразени. И бројот расте.

5. Веќе купивме 830 илјади вакцини од Фајзер!!!
Не купиле ниту една. Немаат вакцини.

6. Од февруари 2021 почнува масовната вакцинација против ковид!!!
Еве го февруари за три дена, они немаат ниту една вакцина.

7. Ќе почнеме да градиме нов клинички центар!!!
Никогаш не почнаа. Сега велат, Воената болница ќе ја преуредуваат во клинички.

8. Уште пред 4 години ветија плата од 500 евра!
Нема плата од 500 евра.

9. Ќе го завршиме автопатот Кичево Охрид, проект на ВМРО!!!
Ни педа не е продолжен од времето на ВМРО

10. Ќе донесеме големи инвеститори и нови фабрики!!!
Нема нови фабрики.

11. Ќе ја намалиме невработеноста!!!
Невработеноста порасна.

12. Ќе ги осудиме најголемите криминалци околу Груевски!!!!
Никого не осудија. Дури тие продолжија да крадат, ама сега за СДС(М)

13. Ќе расчистиме со урбаната мафија на Груевски!!!
Не расчистија.

14. Нема да рекетираме фирми како што правеше Мијалков!!!
Рекетираат фирми и им земаат дупло поголем процент отколку што им лапаа вмровците

15. Ќе се справиме со загадувањето!!!
Не се справија со загадувањето.

Со вакви лаги и недела во нормална држава не се останува на власт ни еден ден!!!
Вие владеете цели 4 години. Не е до вас. Нема луѓе да ве избркаат на клоци!, коментира Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.