Mерките и натаму ќе се олабавуваат, бидејќи тоа го дозволува епидемиолошката состојба. Но ако има промени ќе воведеме некакви рестрикции, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој како пример ги наведе бројките на заразени од изминатите неколку дена, заклучно со вчера: претходната недела имаше седум, па шест, а вчера пет пациенти на 100.000 граѓани што за Филипче дефинитивно е знак дека нема промени.
Но, сепак за одржување на ваквата состојба тој се повика на одговорноста на граѓаните, кои сега ќе можат во поголем број и да се групираат, и да одат на свадби и прослави и на концерти.
Тој денеска беше прилично сигурен дека во текот на летото нема да се дозволи работа на затворените делови од дискотеките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.