Од компанијата „Фајзер“ пред три дена стасало дополнително барање во однос на договорот изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Според него, процедурата се одолжила токму поради вакви услови од оваа компанија, а последниот е за одговорноста од евентуални несакани ефекти од вакцината.
На 30 декември имавме комуникација, кога ни потврдија дека ги исполнуваме условите за да потпишеме договор и оттогаш траат тие разговори. Имаат специфични барања за усогласување на условите за да се внесе вакцината тука, сега имаат и дополнителни барања. Ние го потпишавме договор и го вративме. Сега има некое дополнително барање од пред три дена, за одговорноста при евентуални несакани ефекти, има некои специфични барања и чекаме повратна информација, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.