Од денеска за влез во објектите e потребен сертификат со примени две дози вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа – соопштија од Министерството за здравство, откако објавија за новите измени за влез во објекти.

Од Комисијата за здравство во петокот соопштија дека засега нема да има препорака за нови рестриктивни мерки, бидејќи сегашните, како носењето маски, држењето дистанцата, честото миење раце и вакцинирањето, биле сосема доволни.

Според вчерашните податоци, со регистрираните 285 нови случаи на Ковид-19, од почетокот на пандемијата, во земјава се дијагностицирани вкупно 209.277 заболени.

Во текот на минатото деноноќие се регистрирани и вкупно осум починати лица, со што вкупниот број на починати од епидемијата се искачи на 7.328. Бројот на активни случаи е 8.549.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.