Од денеска почнуваат да течат десетте дена за шефот на државата Пендаровски да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

По добивањето на мандатот, новиот мандатар во рок од 20 дена ќе треба до Собранието да поднесе програма и да го предложи составот на владата, а новата влада се избера со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници.

За мандатар се очекува да биде предложен новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој откако би го добил мандатот, би требало во првата половина на следниот месец да ги достави програмата и составот на новиот владин кабинет до Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.