Околу 40 илјади граѓани од денеска ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Република Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа.

МВР два месеца не можеше да издава лични кари со новото име на државата и согласно Законот за употреба на јазиците, бидејќи во Собранието е заглавен Законот за лични карти, кој опозицијата го блокира со над 1.500 амандмани.

За опозицијата, регулирањето на ова прашање со подзаконски акт е кршење на Уставот и на законите. Власта, пак, тврди дека издавањето на лични карти и без да се донесат законските измени е сосема легално, а МВР како надлежна институција и министерот за внатрешни работи ги имаат сите законски овластувања за донесување на подзаконскиот акт со кој се уредува издавањето на лична карта за граѓаните, а во согласност со Уставот, Уставните амандмани, Законот за лична карта и Законот за употреба на јазиците.

Старите лични карти на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.