Македонија ги исполни сите услови и од целосно воено ќе биде интегрирана во НАТО.

Со завршната интеграциска конференција на Македонија и НАТО заврши „тест периодот“ за членство во алијансата.

Со оваа конференција и со денешното најавено потпишување на декларацијата на кое ќе присуствува и командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО, генерал Филип Лавињ, Македонија, ја заокружува воената интеграција во НАТО и станува рамноправна членка во сите воени делови на Алијансата.

Процесот на воена интеграција на Македонија во НАТО започна пред две и пол години, кога беше поканета да се приклучи.

Во март 2020 година, Македонија стана полноправна членка на тој воено-политички сојуз.

Во меѓувреме, планирани се 22 проекти за развој на армијата, а веќе се набавени нови инженерски машини и во тек е набавка на пешадиски возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.