„Комак Медикал“ од Софија од денеска попладне (15 часот) започнува со вакцинирање на македонски граѓани без ограничувања со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ против ковид-19, објави БГНЕС.

Вакцинацијата ќе се изврши во клиничкиот центар на компанијата во дворот на Александровската болница.

За регистрација и организирани посети, ве молиме користете ги контактите на канцелариите на Комак Медикал во Софија и Скопје, како и контактите на фондацијата Бугарска Памет, изјави д-р Милен Врабевски, претседател на фондацијата.

д-р Милен Врабевски

Сертификатите ќе се издаваат само со матичен број и бугарски пасош, но никој што сака да се вакцинира нема да биде вратен, додаде тој.

Д-р Врабевски е познат филантроп во Бугарија и Макеоднија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.